Шпанскиот Парламнет не му изгласа доверба на Маријано Рахој

Од:

Шпанскиот Парламент вчера вечер не му изгласа доверба на лидерот на конзервативаната Народна партија (ПП), Маријано Рахој за формирање на малцинска влада на Шпанија.

При гласањето во 350-члениот Парламент за доверба на Рахој се изјаснија 170 пратеници или шест помалку од неопходните 176 за апсолутно мнозинство.

Рахој сега има нова шанса за избор на второто гласање, што ќе се одржи в сабота, на кое за изгласување доверба ќе му биде доволно просто мнозинство од вкупниот број пратеници кои гласале.

Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), чии пратеници денеска гласаа против изборот на Рахој, најави дека в сабота нејзините претставници ќе се воздржат од гласање, со што се очекува лидерот на ПП да ги освои неопходниот број гласови за изгласување доверба.

Социјалистите на почетокот на неделава соопштија дека ќе ги поддржат напорите на Рахој за формирање малцинска влада, со цел да се стави крај на 10-месечната политичка криза во Шпанија.

Кризата во Шпанија започна по изборите во декември минатата година, на кои ниту една партија или коалиција не обезбеди мнозинство за формирање влада. По ова, во јуни беа одржани предвремени избори на кои соодносот на силите во Парлементот не се промени драстично и кризата продолжи.

Доколку до крајот на месецов Шпанија не добие нова влада, ќе уследи распуштање на Парламентот и одржување нови предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата