Сириски тинејџер барал локации за терористички напад на ИД во Берлин

Од:

Германското федерално јавно обвиннителство денеска објави дека 19-годишниот сириски мигрант Шаас ал М. кој минатата недела беше уапсен за учество во странска терористичка организација и прекршување на законнот за контрола на оружјето низ Берлин барал локации на кои што „Исламската држава“ би можела да спроведе терористички напади.

Според обвинението против него сирискиот мигрант се товари и за регрутација на најмалку еден германски граѓанин за учество во конфликтот во Сирија.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, Шаас ал М. сам се пријавил да биде посредник за членови на ИД кои што би извршиле терористички напади во Германија а освен логистичка поддржка понудил директно да учествува во нападите.

Шаас ал М. станал член на ИД во 2013 година уште додека живеел во Сирија по што минал воен тренинг и извршувал стражарски задачи пред да дојде во Германија минатата година.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“