Нов парк во општина Ново Село

Од:

Заврши изградбата на паркот во општина Ново Село. Паркот е опремен со современа урбана опрема и хортикултурно е уреден.

– Задоволни сме што завршивме со реализација на овој проект. Ново Село уште еднаш стана пооплеменето, а жителите може да уживаат во уредениот простор. Активностите се дел еден покомплексен проект за парково уредување на централните подрачја во повеќе населени места во нашата општина. Опфатени се и Зубово, Сушица, Борисово, Мокриево, Дражево и Смолари, информира градоначалникот на Ново Село Блажо Велков.

Тој информира дека изградбата на парк изнесува 934.363 денари. Овие средства, како што рече, се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година и од буџетот на општина Ново Село.

Од овој проект досега се изградени паркови во населените места Сушица, Зубово и Ново Село, се гради паркот во Мокриево, следува Борисово, а потоа другите населени места.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски