Со трите натпревари одиграни ноќта меѓу вторник и среда почна новата сезона од најсилната светска кошаркарска лига – НБА.
Шампионот Кливленд со убедливата победа над Њујорк тргна во походот кон одбрана на трофејот. Како изненадување може да се смета високиот пораз на Голден Стејт, тим кој важи за еден од главните претенденти за титулата, но тоа ноќеска не го покажа на средбата со Сан Антонио.
Постигнати резултати:
Кливленд – Њујорк 117:88,
Портланд – Јута 113:104 и
Голден Стејт – Сан Антонио 100:129.
Вечер по полноќ ќе се одиграат десет натпревари. Двојките се:
Индијана – Далас,
Орландо – Мајами,
Бостон – Бруклин,
Торонто – Детроит,
Мемфис – Минесота,
Милвоки – Шарлот,
Њу Орлеанс – Денвер,
Филаделфија – Оклахома,
Феникс – Сакраменто и
ЛА Лејкерс – Хјустон.