Ѓукановиќ повеќе нема да биде премиер на Црна Гора

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ повеќе нема да биде премиер на Црна Гора и покрај неодамнешната победа на парламентарните избори, соопшти неговата политичка формација, Демократската партија на социјалистите (ДПС).

Извршниот комитет на ДПС по седницата, со која претседаваше Ѓукановиќ соопшти дека ќе го номинира неговиот заменик во партијата, Душко Марковиќ за премиерската функција.

ДПС победи на сите 11 избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и поранешна Југославија пред 25 години, јави ДПА.

На 16 октомври партијата освои 35 од вкупно 81 мандат во Парламентот, при што за малку ги победите четирите опозициски партии, кои постигнаа консензус околу една единствена точка, соборувањето на Ѓукановиќ, кого го означија како исклучително корумпиран политичар.

Во текот на изборната ноќ Ѓукановиќ изјави дека ДПС ќе продолжи да владее со своите сојузници, малата Социјалдемократска партија и четворицата претставници на етничките малцинства или со вкупно 42 гласови во Парламентот.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба