Словенечкиот амбасадор во НАТО, Јелко Кацин ги повика сите проевропски сили во Црна Гора што е можно побрзо да формираат нова коалициска влада.
Кацин е согласен со оценката на меѓународните релевантни институции дека изборите во Црна Гора биле фер и демократски.
– Сите избори се тест за деморкатијата и Црна Гора повторно се покажа како земја, која може да биде пример во регионот. На Црна Гора е сега што поитно да формира нова коалициска влада и да продолжи со својот пат на европски и евроатлантски интеграции, рече Кацин.