Шпанските социјалисти вчера го отворија патот за нова влада во Мадрид, на чие чело би требало по вторпат да биде лидерот на конзервативната Народна партија Маријано Рахој.
На седницата на федералниот комитет на Шпанската социјалистичка работничка партија 139 влијателни членови гласаа „за“, а 96 „против“ за тоа социјалистите да бидат воздржани при новото гласање за доверба на кабинетот на Рахој, закажано за следната недела, со што тој би требало да добие втор мандат на чело на шпанската влада.
Со тоа би требало да се стави крај на 10-месечната блокада, која ги парализираше институциите и го загрози економското заздравување на Шпанија, пренесува Танјуг.