ДОМ: Зелените политики го решија сообраќајот во Виена

Од:

Лилјана Поповска и Симона Сарделиќ од ДОМ беа учеснички на конференцијата за зелените локални политики, што во организација на Австриските зелени се одржа во Виена од 20-22 октомври, со учество на зелени партии од централна и југоисточна Европа. Координатори на овој настан беа виенскиот зелен советник Герхард Јордан и европратеничката Моника Вана, а учество зедоа и европратениците Урлике Луначек од Австрија, Томаш Месерик од Унгарија, Игор Шолтес од Словенија и Давор Шкрлец од Хрватска.

Беа претставени успесите на зелените советници во Виена и на тројца зелени општински градоначалници, кои внесоа многу решенија за „паметен“ град, особено во транспортот.

Поранешниот сообраќаен метеж е надминат и во самиот центар на градот, преку претворање на повеќе главни сообраќајници во пешачки и велосипедски зони, со пренасочување на возилата и користење повеќе видови јавен превоз (метро, трамвај, автобус) со симболична наплата. Градот изобилува со практични и естетски содржини кои го хуманизираат просторот и го олеснуваат животот на граѓаните. Како типични примери беа покажани улицата Маријахилферштрасе и општината Варинг, каде победи зелена градоначалничка, за првпат по 70 години водство на десницата.

Покрај австриските успеси, на конференцијата беа разменети позитивни искуства од примена на зелените политики и во други земји, а беше разговарано и за политичката состојба и подготовките за национални или локални избори. Во таа смисла, презентација за Македонија имаше Симона Сарделиќ од ДОМ.

Во рамките на конференцијата беше одржана и јавната дебата „Загрозена демократија – авторитаризмот и популизмот во источна и југо-источна Европа“, со Лилјана Поповска како панелист, покрај политологот Иван Крастев од Бугарија, со австриската европратеничка Моника Вана како модераторка. Заеднички заклучок беше дека во цела Европа, но посебно во земјите на источна и југо-источна Европа последнава декада се присутни авторитарни и популистички тенденции, кои сериозно ги загрозуваат демократските поредоци и ги ограничуваат човековите права и слободи.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски