Над 170 осуденици побегнаа од затвор во Хаити

Од:

Повеќе од 170 затвореници ги совладаа чуварите на затворот во централниот дел на Хаити и им го одзедоа оружјето, а потоа убија еден чувар и побегнаа, соопштија денеска локалните власти.

– Инцидентот се случи во затворот во градот Аркаја, околу 50 километри северно од Порт О Пренс, бегалците убија еден чувар од огнено оружје, а повеќемина се повредени, изјави судијата Анри Клод Луи-Жан.

Затворите во Хаити се пренатруипани, а голем број луѓе поминуваат повеќе години во притвор до правосилна пресуда.

Во тек е потера по бегалците, а полицијата побара од локалното население строго да ги следи полициските упатства додека не бидат фатени затворениците. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството