Филе: Македoнија треба да почне преговори

Од:

Отворањето на пристапните преговори со Македонија ќе ги забрза реформските процеси во земјата и ќе овозможи Европската унија подлабински да се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал, истакна еврокомесарот за проширување Штефан Филе на Форумот за граѓанско општество во Западен Балкан што се одржа во Загреб.

– Треба да покажеме дека европската перспектива на земјата е реална. Силно веруваме дека придвижувањето на пристапниот процес во следната фаза ќе го задржи темпото на реформи. Земјата е добро подготвена, но преговорите се потребни за да Европската унија подлабински се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал, рече Филе.

Според него, придвижувањето кон следната фаза ќе помогне реформите да прераснат во динамичен процес и ќе ги зајакне меѓуетничките односи. Важно е, потенцира Филе, да се одржуваат добрососедски односи со сите земји и да се најде взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите Нации.

Филе, пренесува Дојче Веле, во Загреб повика на смирување на емоциите во регионот, по новото заладување на односите меѓу Србија и Хрватска како резултат од ослободителната пресуда за хрватскиот генерал Анте Готовина пред Хашкиот трибунал.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски