Република Српска ќе се откаже од ЕУ, ако таа и воведе санкции заради септемврискиот референдум

Од:

Босанската Република Српска ќе се откаже од членството во Европската унија, доколку Европскиот парламент го осуди референдумот за Денот на републиката и наложи санкции заради него, изјави денеска претседателот на РС Милорад Додик.

Не може Европа да се гради врз казни, изјави Додик за новинарите по состанокот со хрватскиот член на колективното босанско претседателство Драган Човиќ во Бања Лука.
Додик рече дека не очекува Европскиот парламент да прифати таква резолуција, ниту во извештајот на Европската комисија да има „некакви тешки оценки” за референдумот во Република Српска, кој се одржа во септември и покрај забраната од Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Тој додаде дека ако сепак се преземат такви дејствија во ЕУ, Република Српска ќе го „ревидира односот кон европската агенда”.

Претседателот истакна дека наскоро во парламентот на Република Српска ќе биде доставен законот за празниците, при што 9 јануари ќе биде прогласен за ден на републиката, според волјата на народот, изразена на референдумот.

Босанските Срби, на референдум на 25 септември гласаа за тоа дали празникот на Република Српска да остане на 9 јануари, датумот на кој во 1992 година тие прогласија „Република на српскиот народ” во составот на Босна, по што и почна војната од 1992-1995 година. Референдумот беше забранет од страна на Уставниот суд, кој оцени дека датумот на празникот е дискриминаторски за несрпското население на републиката.

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ