Нов претседател на Синдикатот за одбрана и безбедност Оливер Стојановски

Од:

Синдикатот за одбрана и безбедност денеска соопшти дека се извршени промени на функцијата претседател на Синдикатот и оти на оваа функција е именуван Оливер Стојановски.

– Согласно Иницијативата за спас на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), која Вие активно ја следевте и пренесувавте во јавноста во изминатиот период, Ви соопштуваме дека, на ден 20.10.2016 година, во Синдикатот на одбраната и безбедноста се извршени промени на функцијата претседател на СОБ и за нов претседател назначен е Оливер Стојановски, долгогодишен истакнат член на синдикалното движење во Македонија, се наведува во соопштението.

Во соопштението се посочува дека членството може да очекува дека СОБ во следниот период ќе биде нивен вистински заштитник во однос на правата од работен однос.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка