Во Центар за азиланти во главниот град на Шведска, Стокхолм минатата ноќ се случи пожар за кој се претпоставува дека е подметнат, изјави портпарол на стокхолмската полиција.
Тоа е втор ваков инцидент за една седмица во околината на Стокхолм.
– Сигналот за пожар се слушна в раните утрински часови, откако персоналот ја забележал специфичната светлина и звук и покрај зградата. Истрагата за немилиот настан е во тек. Не може туку-така да пламне оган вон зградата, сам од себе, рече полицискиот портпарол.
Нема податоци за жртви и повредени.