Концерт на Градскиот дувачки оркестар по повод 23 Октомври

Од:

Градскиот дувачки оркестар, по повод празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, в недела ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје со познатите таканаречени „Чекорници“.

Оркестарот ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до градскиот плоштад.

На оваа музичка променада, ќе бидат изведени „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“.

Концертот е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот