Уставниот суд во Шпанија ја укина забраната за кориди во Каталонија

Од:

Шпанскиот Уставен суд денеска ја укина забраната за борби со бикови во Каталонија, со образложение дека одлуката за тоа треба да ја донесе централната Влада во Мадрид.

Коридата претставува дел од шпанското наследство, па затоа одлуката дали треба да се забрани се однесува на централната влада, а не на полуаутономните региони како Каталонија, се наведува во сооопштението на судот, пренесуваат француските медиуми.

Кон средината на септември во Мадрид се собраа повеќе илјади активисти за заштита на правата на животините,  барајќи во Шпанија да се прекине со одржување на традиционалните борби со бикови.

Најмалку 17 шпански градови ги намалија општинските средства, наменети за кориди и енсијери со бикови, или донеле закон со кој тие обичаи се осудуваат или забрануваат, од кога левичарската партија Подемос за првпат влезе во Парламентот на локалните и регионалните избори што се одржаа пред една година.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата