Ќе се формира македонска репрезентација во параолимписка игра Бочија

Од:

По натпреварот во Познањ, Полска, во параолимписката игра Бочија, каде македонските параолимпијци во конкуренција од 16 држави во неколку категории на попреченост, го освоја второто место, македонските претставници на Бочија работат на реализација на идејата за формирање македонска репрезентација за натпревари во оваа меѓународна параолимписка игра.

Како што истакна Александар Николов, дефектолог од Дневниот центар во Делчево, македонските параолимпијци прв пат се дел од еден ваков меѓународен натпревар.

-За да се претставиме солидно претходно имавме тренинзи со атлети ги подготвувавме нашите учесници. Но, ова е посебно искуство за нас, а нашата цел со ова учество беше да го видиме ова натпреварување од друг агол, со непосредно учество, да се запознаеме со сите можни правила, рече Николов.

Тој додаде дека овој голем успех на македонските параолимпијци ги отвора вратите на институциите за градење македонска репрезентација за играта Бочија.

-По настапот во Познањ во Полска, канцеларијата на  УНИЦЕФ ни излезе пресрет за да изработиме заеднички проект кој е  веќе финализиран. Значи, ќе вклучиме деца со попреченост до 18- годишна возраст што значи ќе се грижиме за млади атлети во кои ја гледаме и перспективата за идните натпреварувања. Проектот ќе се реализира во градови од Источна Македонија вклучително и Демир Капија и Скопје, рече Николов.

Николов потенцираше дека деновиве е закажана и средба во Агенцијата з а млади и спорт со цел да се подигне оваа игра на едно повисоко ниво за да се формира федерација и на ниво на држава да имаме натпревари.

-Оваа игра покрај како спортска активност, подразбира инклузија на овие лица, нивно активно вклучување во сите општествени текови, овие лица да имаат потреба да излезат од дома. Според мене, спортот е многу важен елемент кој им дава можност да ги искористат оние, за некои деца, и минимални капацитети кои ги имаат, а тоа им го овозможува оваа игра, рече Николовски.

Играта Бочија започна да ја освојува Македонија  од пред три  месеци од Делчево, кога беше и официјално презентирана. Таа обединува повеќе од 50 држави од светот, а постои веќе 20 години, а на лицата со попреченост им отвора нови врати и квалитет на животот реализирајќи го мотото на играта „И Јас можам“.

Би можело да ве интересира

Кина најуспешна нација на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Стрелачката Наковска – Бикова шестопласирана во првиот настап на ПОИ во Токио

Ана Ололовска

Поделени првите медали на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Земји од Пацификот се откажаа од Параолимписките игри поради ковид ограничувањата

А1он

Шахпаска: На Оливера Наковска Бикова ѝ посакувам среќа на Параолимписките игри во Токио

Ана Ололовска

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт