ЛДП: Срамно е УБК да се спротивставува на судски наредби

Од:

„Управта за безбедност и контраразузнавање да не ја попречува истрагата на Специјалното јавно обвинителство и да не се спротивставува на судска наредба. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат кој нелегално прислушувал во државата и во чии интерес.

Либерално демократската партија повикува да не се попречува правдата и владеењето на правото во државата, особено не од институција која треба да ги заштитува интересите на државата и граѓаните.  По синоќешните опструкции врз работата на Специјалното јавно обвинителство од страна на политичките марионети на власта, го повикуваме Основното јавно обвинителство да поведе постапка за попречување на работата на СЈО и спротивставување на судска наредба, бидејќи токму попречувањето на споведувањето на судска наредба е кривично дело кое се санкционира со нашите закони.

Оваа власт, со ваквото однесување, уште подлабоко тоне во жив песок. Вистината за тоа кој прислушувал во Република Македонија и за чии интереси, кога-тогаш ќе се обелодени. Ако не сега , тогаш сигурно после 11 декември, кога новата  влада ќе ги разобличи сите криминали и злодела на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство