Борбата против радикализацијата стратешка определба на Конгресот за локални и регионални власти на СЕ

Од:

Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа ќе работи на стратегија за борба против радикализацијата во градовите и регионите на земјите членки на оваа паневропската организација, јави допиосникот на МИА од Стразбур.

Во извештајот претставен од страна на пратениците Јозеф Нојман од Германија и Берт Бувместер од Холандија, Конгресот се повикува да ги консолидира своите активности во оваа област со донесување на методологија за промоција на плурални и инклузивни и културно разновидни општетсва во Европа и за воведување на концепт на „меѓукултурен дијалог“ во своите иницијативи за промоција на дијалогот меѓу различните култури и религии.

Со усвоената резолуција се повикуваат локалните и регионалните претставници да придонесат за овој дијлаог преку ресурсите на системот за организирање на меѓукултурни и меѓурелигиски активности.

Документот, исто така, повикува на приклучување кон Сојузот на европските градови против насилниот екстремизам, во врсак со кој Конгресот и Европскиот форум за урбана безбедност ќе одржат Самит на градоначалници на 9 ноември 2016 во холандскиот град Ротердам.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска