Ѓорческа стартуваше со две победи на фјучрсот во Египет

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа почна со две победи на фјучрс турнирот во египетскиот град Шарм Ел Шеик. По триумфот во сингл, доцна синоќа заедно со Кристина Дину од Романија, како втори носителки со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4 ги победија Елени Кардолаими од Грција и Анастасија Прибилова од Русија.

Во следното коло противнички им се Гвадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајчман (Швајцарија).

Во поединечна конкуренција Ѓорческа во 1.коло ја победи Романката Ирина Марија Бара со 2-1, по сетови 7:5; 1:6 и 6:2 и попладнево во рамките на 2.коло ќе игра против уште една тенисерка од Романија третата носителка Ана Богдан (122.место на ВТА листата). Во меѓусебните мечеви Богдан има една победа во полуфинале на фјучрс во Анталија во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен