Ѓорческа и се реваншира на Романката Марија Бара

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во 2.коло на Фјучеср турнирот вреден 100.000 УСД, кој се одржува во Шарлм Ел Шеик, Египет.

Ѓорческа во меч од првата рунда со 2-1 во сетови ја совлада Романката, Ирина Марија Бара, од која минатата седмица загуби во четвртфиналето на турнир во Санта Маргарита Ди Паула во Италија.

Овојпат, Ѓорческа беше далеку посигурна, па првиот сет го доби по тешка борба со 7:5, додека во вториот освои само еден гем, односно истиот го загуби со 6:1.

Во решавачкиот трет сет, се играше рамноправно само до четвртиот гем, кога Лина направи брејк, за водство до 3:1, кое до крајот на сетот го одржуваше, а со уште еден брејк го доби сетот со 6:2 за конечен триумф од 2-1.

Ѓорческа во 2.коло ќе игра против третата носителка Ана Богдан од Романија, додека заедно со нејзината сонародничка Кристина Дину, нашата тенисерка ќе настапи во двојки, каде во првиот меч против себе ќе ја имаат руско-грчката двојка Анастасија Прибилова и Елени Кордолами.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен