Заврши настапот на Јотовски на турнирот на Бол

Од:

Најдобро рангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски експресно го заврши својот настапот на ИТФ Фјучерс турнирот кој се одржува во хрватскиот град Бол.

Откако вчера заедно со својот колега Дарко Бојаниќ од БиХ, беше елиминиран во 1.коло во игра на двојки, денеска Јотовски загуби и во поединечна конкуренција.

Јотовски во мечот против Италијанецот, Пјетро Лијарди освои само три гема, и тоа, еден во првиот и два во вториот сет, па со конечни 2-0 (6:1 и 6:2) за само 1 час и 36 минути игра го заврши своето учество на овој турнир.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен