Димитриев-Хеемскерк: Светска банка со позитивни оценки за владините политики

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со Франк Хеемскерк, извршен директор во Светската Банка. На средбата соговорниците, како што соопшти владината прес-служба, изразиле задоволство од позитивните односи помеѓу двете страни кои резултираат со реализација на голем број мерки, проекти и реформи чија цел е економски раст и развој на Македонија и задоволување на реалните потреби и интереси на граѓаните.

– Претседателот на Владата изрази благодарност за целокупната поддршка која Светската банка ја дава на нашата земја во спроведувањето на реформите и проектите, како и благодарност до директорот Хеемскерк за неговиот личен ангажман во овој процес. Димитриев потенцираше дека проектите кои се реализираат заеднички придонесуваат за континуираниот економски раст и развој на Република Македонија, за отворање нови работни места и намалување на невработеноста, обезбедуваат услови за поголеми странски инвестиции во земјата и развој на образованието, технолошкиот развој, иновациите и други општествени сфери, се вели во соопштението.

Директорот Хеемскерк дал позитивна оценка за економските политики кои ги спроведува Владата, како и за мерките за унапредување на деловната клима кои се препознаени и вреднувани од страна на меѓународните финансиски институции и организации.

Соговорниците истакнале дека реализацијата на тековните и идните проекти кои се спроведуваат со соработка на двете страни, а се однесуваат на изградбата на регионална, магистрална и локална патна инфраструктура, инвестирањето во образованието, поддршката на проектите на општините за локален економски развој, имплементацијата на други инфраструктурни проекти, како и потенцијалот на соработка во областа на енергетиката, ќе придонесат за продолжување на економскиот раст на земјата и отворањето на нови работни места.

Премиерот Димитриев и директорот Хеемскерк изразиле подготвеност за силна заложба за продолжување и унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он