Мисовски: 11 декември – демаркациона точка во политичката историја на Македонија

Од:

Претседателот на Централниот изборен штаб-ЦИШ на НСДП, Горан Мисовски, вчера во Кочани оствари средба со Претседателите на општинските огранизации на партијата од третата изборна едница.

На  средбата присуствуваа сите Претседатели на локалните ограноци од оваа изборна едница и беше констатирано дека НСДП како никогаш досега е подготвена да истрача на овие предвремени парламенттарни избори и со максимална мобилизација на организацискиот и кадровски потенцијал да земе учество во финалната битка со авторитариот режим во Македонија.

„Влегуваме во финалната битка, во пресметката со оваа криминогена и авторитарна политичка структура. Создадени се услови за одржување на фер и деморкатски избори на 11 декември, по чие завршување поразениот ќе му ја честита победата на победникиот.

11 декември означува демаркациона точка во политичката историја на Македонија, по која криминалот, корупцијата и насилието ќе бидат предмет на санкционирање, а не на фаворизирање од страна на системот. Новата политичка гарнитура ќе излезе во пресрет на барањата на СЈО за продолжување на неговито мандат и донесување на сите барани законски решнија со кои ќе се овозможни негово функционирање со полн капацитет.

Исто така ќе се отвори простор за институциите на системот да профункционираат, а злосторничкото здружение, како што е дефинирано во обвинителните акти на СЈО, да биде изведено пред лицето на правдата. Сите пари кои се изнесени од Македонија на нелегален начин во последните десет години од страна на структури блиски до власта, според сите индиции, ако се вратат назад се доволни за сервисирање на сите трошоци на државниот апарат најмалку една година, и тоа без задолжување” рече Горан Мисовски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ