Делови од Скопје утре без струја

Од:

Делови од неколку населби во Скопје утре ќе останат без струја во определен временски период поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Според Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во периодот од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат жителите од улицата Ленинова со броевите 15, 17 и 19 во општина Центар, а од 14 до 15 часот дел од улиците Јадранска и Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров.

Од 06:20 до 16:30 часот струја ќе немаат корисниците од месноста Дрма, Идризово, дел од селото Кадино и селото Мралино, населеното место Мралински Мост, Казнено-поправниот дом Идризово и фирмите Прилепска Пивара, Мак Лифт, Мајами, Ана Ком, Алекс, Пилко и Макпетрол Идризово во општина Илинден.

Во периодот од 11 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат дел од улиците Наум Охридски, Чедомир Кантарџиев и ул. 474. во општина Кисела Вода, а од 09 до 12 часот корисниците од улицата Коста Новаковиќ бр. 42. во општина Аеродром.

Струја од 09 до 15 часот ќе нема и дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот улиците Ганчо Хаџипанзов и Капиштец и дел од корисниците од улиците Димитар Пандилов и Караорман во општина Центар.

Еден час, односно од 11 до 12 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Љубин во општина Сарај и дел од корисниците од селото Горно Соње, месноста викана Под Брег во општина Сопиште.

Би можело да ве интересира

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 15 мај 2026 изнесува 118,89 евра за мегават час, на МЕМО 83,18 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 08 мај 2026 изнесува 140,46 евра за мегават час, на МЕМО 124,11 евра за мегават час

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 април 2026 изнесува 98,21 евра за мегават час, на МЕМО 65,19 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час