МФ: Доколку се запише поголема сума од доспеаната, парите ќе бидат на депозитната страна

Од:

Министерството за финансии преку соопштение реагираше на денешната изјава на дополнителниот заменик-министер Кире Наумов дека со последните две аукции е зголемен долгот за нови 12,7 милиони евра.

– Сумата која Министерството за финансии ја враќа во стопанството неделава по основ на државни хартии од вредност изнесува 1,915 милијарди денари. На денешната аукција запишани се 1,959 милијарди денари, иако дополнителниот заменик министер за финансии Наумов во своето соопштение до јавноста вчера тврдеше дека таа сума е за 17 пати повисока од онаа која се враќа во стопанството, се вели во реакцијата.

Министерството за финансии наведува дека дополнителниот заменик министер е запознаен дека доколку поради поголема побарувачка на државните хартии од вредност на пазарот на капитал кои, како што се вели, се најсигурни хартии од вредност и за кои има голем интерес, се запише поголема сума од доспеаната за враќање, тие ќе се стават на депозитната страна за следната година.

– Тоа и јавно го истакна при заедничкото гостување со министерот за финансии Миноски на дебата во ТВ Нова. Оттаму не знаеме како да ги толкуваме овие негови обраќања до јавноста за издавањето државни хартии од вредност, стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација