Демант на МФ на соопштението на Наумов

Од:

Министерството за финансии денеска во стопанството врати 1,8 милијарди денари по однос на доспеани за исплата државни хартии од вредност. Во среда по истата основа, Министерството за финансии ќе врати 115 милиони денари. Тоа се вкупно 1,915 милијарди денари кои што Министерството оваа недела ги враќа во стопанството по основ на доспеани државни хартии од вредност, наведуваат од Министерството за финансии во демант на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.

Додаваат дека аукцијата на државни хартии од вредност закажана за утре е во износ од 1,915 милијарди денари, или идентична сума колку што се враќа неделава – што значи дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.

Министерството за финансии во реакцијата наведува дека ова се јавни податоци, достапни на веб-страната на Министерството и може секој да ги провери, вклучително дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој тврди дека утре се побаруваат средства 17 пати повеќе отколку што се враќаат. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација