НДМ: Да разбереме дека Уставот е света работа и мора да се почитува

Од:

Народно движење за Македонија во врска со најавата за распуштање на Собранието ги предупредува пратениците дека според Уставот избори за пратеници во Собранието се одржуваат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Потсетуваме дека и Уставниот суд со неговата одлука од 25 мај 2016 со која ја поништи собраниската одлука за распуштање од 18.01.2016, недвосмилено запиша дека според член 63 став 3 од Уставот на Република Македонија скратениот рок за вонредни парламентарни избори (60) дена не трпи одлагање.

Оттука, секое распуштање на Собранието со прекршување на уставниот рок од 60 дена не е во огласност со Уставот на Република Македонија.

Понатаму, ДИК со допис од 5 септември го информираше Собранието дека изборите се незаконски доколку не се корегира шестата изборна единица во која бројот на гласачите е за 5,28 отсто поголем споредено со другите изборни единици.

За НДМ нема дилема. Мора да научиме дека Уставот како највисок правен акт е света работа во една правна држава и мора да се почитува, односно, да престане досегашната практика уставот да се третира како обичен лист хартија кој по сопствено наоѓање може да се прекршува.

НДМ ќе поведе постапка пред Уставниот суд за уставна оценка на Одлуката за распуштање на Собранието доколку не е исполнет условот изборите да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието и доколку не се измени Изборниот законик во делот на шестата изборна единица.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска