Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно го подобри својот најдобар пласман на ВТА листата. Таа на најновото рангирање објавено денес, се наоѓа на 206. место со 249 бода, што е две позиции подобро во однос на досегашното нејзино најдобро достигнување (208.место).
Во игра на двојки, Ѓорческа бележи пад од три позиции и сега е 148-ма со 491 поен.
Водечка на ВТА е Германката Анџелик Кербер пред Серена Вилијамс од САД и Агњешка Радванска од Полска.
Во ТОП 10 уште се: Симона Халеп (Романија), Каролина Плишкова (Чешка), Гарбине Мугуруза (Шпанија), Медисон Киз (САД), Доминика Цибулкова (Словачка), Светлана Кузњецова (Русија) и Јохана Конта (Велика Британија).