Осум недели суспензија за Кирјос

Од:

Ник Киријос го загрозил интегритетот на играта, поради што АТП му изрече осум неделна суспензија и парична казна од 25.000 долари.

Австралискиот тенисер непрофесионално се однесуваше на мечот од второто коло на Мастерсот во Шангај, против Миша Зверев, кога на противникот без борба му овозможуваше да ги освојува поените.

Кирјос нема да може да игра на АТП турнирите до 15.јануари 2017 година, но казната би можела да му биде намалена на три недели, доколку тој се согласи да оди кај психолог или некој друг стручњак, кој ќе биде одобрен од АТП.

Доколку Кирјос ги испочитува барањата на АТП тогаш тој на терените би се вратил на 7.ноември.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен