Распуштање на Собранието денеска или неколку дена расправа за буџетот

Од:

Носење на буџетот за 2017 година и предлог-одлуката за распуштање на Собранието се двете точки на дневниот ред на Собранието денеска. Иницијативата за распуштање на Собранието ја поднесе СДСМ, а владејачката партија ја услови со изгласување на буџетот за идната година.

Минатата недела Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски изјави дека Парламентот ќе се распушти веднаш по изгласувањето на буџетот.

Расправите за буџетот може да траат и по неколку дена што значи дека шансите се големи Собранието да не биде распуштено денеска.

Законските измени за продолжување на рокот на СЈО и заштитените сведоци по се изгледа нема да се најдат на дневниот ред на Собранието.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи