Американската војска детектирала неуспешно лансирање севернокорејска балистичка ракета во близина на градот Кусонг, на северозапад од Северна Кореја, јави синоќа Пентагон.
-Остро го осудуваме ова дејствие, како и другите неодамнешни севернокорејски ракетни проби, информира портпаролот на Пентагон, командантот на американската морнарица, Гери Рос, јавија британските меидуми.
„Имаме намера во ОН да ја изразиме нашата загриженост и да побараме да се засили меѓународната одлучност во барањето одговорност од Северна Кореја за ваквите акции“, додаде тој.
Рос кажа дека САД се непоколебливо и цврсто посветени на одбраната на своите сојузници во регионот, вклучувајќи ги Јужна Кореја и Јапонија, пред ваквите акции на Северна Кореја.
Пентагон соопшти дека ракетната проба не претставувала закана за Северна Америка.