Грузија во ниту еден случај нема да ја смени стратегијата за интегрирање во Европската унија и во НАТО, изјави премиер Биѕина Иванишвили по средбата во Тбилиси со високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон.
– Историската желба на грузискиот народ за членство во ЕУ и воспоставување на блиски и достојни односи со европските земја е реална и властите во Грузија ќе направат се што е во нивна моќ да го забрзаат тој процес, истакна Иванишвили.
Тој посочи дека на средбата со Ештон разговарале и за нормализирање на грузиско-руските односи.
– Грузија нема да се откаже од Женевскиот формат на преговорите и ќе продолжи да учествува во него, посочи Иванишвили.