Најмалку 19 лица загинаа, а 50 се повредени денеска во стампедо за време на религиозен настан во индиската сојузна држава Утар Прадеш.
Илјадници верници се собрале во „светиот град“ Лакнау да му одадат почит на верскиот лидер Џаи Гурудев, при што избило стампедо на мостот на реката Ганга, соопшти полицијата.
Повредените веднаш биле пренесени во болница, а петмина од нив се наоѓаат во критична состојба.
Кон местото на инцидентот се испратени спасувачки екипи.