Тачи: Наскоро и Војска на Косово

Од:

Во Приштина беше одбележан денот на Безбедносните сили на Косово, и во таа прилика косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека БСК набрзо ќе стане Војска на Косово.

„Откако успеа да ги оствари задачите кои ги постави Кфор и НАТО, БСК набрзо ќе стане Војска на Косово“, изјави Тачи.

Косовската претседателка Атифете Јахјагам смета дека БСК постигнала напредок, потсетувајќи дека Кфор „оценил дека силите на БСК успеале да постигнат полна операциона способност“.

Припадниците на БСК ќе учествуваат во воената парада, која по повод 100-годишнината од независноста на Албанија, на 28-ми ноември ќе биде организирана во Тирана.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина