Коха: Косово се подалеку од можноста да го признаат пет членки на ЕУ

Од:

Пет земји на ЕУ кои не го признаа Косово, се повеќе се оддалечуваат од помислата тоа да го направат, а јакне и нивниот став против косовската независност, пишува приштинскиот весник „Коха Диторе“.

Според весникот, засилените барања за референдум за независност на шпанската провинција Каталонија, дополнително ја отежнува можноста за признавање од Шпанија.

„Додека членовите на Владата на Косово се натпреваруваат кој донесол повеќе признавања од земјите од третиот свет , внатре во Европската Унија и во НАТО нема напредок ниту надеж дека Косово ќе го признае некоја од земјите што се спротивставија на независноста“, пишува Коха Диторе.

„Без тоа, остварувањето на желбата за европска интеграција останува само сон кој не може да се оствари“, се наведува во весникот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина