Пожар во котларницата за парно греење во Тетово

Од:

Изутрината околу 10 часот од засега непознати причини се запалил објектот на котларницата за парно греење што се наоѓа зад зградата на општината во Тетово. Во пожарот целосно изгореле котлите и другата инсталација заедно со целиот објектот.

Со брза интервенција на тетовските пожарникари спречено е огнот да се прошири на резервоарите за гориво, како и на другите објекти и куќи што се наооѓаат во близина на котларницата.

– Интервениравме со четири противпожарни возила возила и девет пожарникари и брзо и ефикасно го изгаснавме огнот со што спречивме пожарот да се прошири на другите објекти и нема никаква опасност понатаму. Спречивме да дојде до некоја експлозија иако не знаеме дали има гориво или не внатре. Причините за појавувањето на пожарот и вкупната материјална штета ќе ги утврдува истрагата што треба да ја спроведе полицијата, изјави раководителот на тетовската територијална противпожарна единциа Ука Алити.

Во пожарот освен материјална штета на објектот и инсталациите на котларницата нема повредени кај пожарникарите, вработените во општината и други лица.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он