Ѓорческа остана без полуфинате на турнирот во Италија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ Фјучрс турнирот во Италија.

Ѓорческа, која ја има улогата на трета носителка во четвртфиналето на турнирот кој се игра во италијанскиот град Санта Маргарита Ди Паула за награден фонд од 25.000 долари, во четвртфиналето е елиминирана од Романката Ирина Марија Бара (6) од која загуби со 1-2 во сетови.

Во првиот сет, кој траеше само 25 минути, Ѓорческа на својата противничка и препушти само еден гем и го доби сетот убедливо со 6:1. Сепак, во вториот сет Романката беше онаа која доминираше и возврати на идентичен начин добивајќи го сетот со 6:1.

Во решавачкиот трет сет нашата тенисерка ги загуби сите три гема на свој сервис со што и овозможи на Романката експресно за 20 минути да го добие сетот со максимални 6:0 и со конечни 2-1 во сетови да се пласира во полуфиналето.

Ова беше втор триумф на Бара во третот меѓусебен дуел со Ѓорческа.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен