Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот кој се одржува во хрватскиот град Бол на островот Брач.
Јотовски во четвртиналето загуби со 2-0 во сетови од 7-миот носител Нино Сердарушиќ од Хрватска во меч кој траеше 1 час и 15 минути.
Првиот сет Јотовски го загуби убедливо со 6-0 по само 27 минути игра. Во вториот се играше рамноправно се до шестиот гем кога хрватскиот тенисер направи низа од освоени три гема и го годби сетот со 6:3.
Ова беше трет меѓусебен дуел на овие двајца тенисери, по кој Хрватот поведе со 2:1 во победи.