Предавачи од Шведска и шведски филм во Домот на АРМ

Од:

Во рамки на изложбите „Пристапност“ и „Дизајн за достоинствен живот“, од денеска до 16-ти овој месец Амбасадата на Шведска во Македонија организира повеќе настани.

Од Шведска гостува Сара Шамлу Екблад, едно од лицата чиј портрет е дел од изложбата „Пристапност“. Таа е слепа и ќе дојде со своето куче водич Брис. Во рамки на Конгресот за лица со посебни потреби, на Скопски саем Сара ќе одржи предавање за кучиња водичи и за Брајовата азбука за слепи лица. В недела ќе биде дел од „Балот на различности“, каде ќе настапи на флејта.

В сабота на конгресот гостин предавач ќе биде Пер Јохансон, шведски предавач, сценарист, театарски продуцент и режисер. Тој е иницијатор и водач на театарската трупа „Среќен Худик“. Се работи за театар во кој лица со и без посебни потреби настапуваат заедно на сцената.

Театарот „Среќен Худик“ покрај распродаваните тури во Шведска со „Елвис“ и „Волшебникот од Оз“, имаат настапувано и во Њујорк. Приказната на Пер и како настанува оваа театарска трупа е раскажана во играниот филм насловен „Како да си ги врзеш чевлите?“, кој ќе биде прикажан во Домот на Армијата в сабота, од 20 часот.

По проекцијата на филмот, посетителите ќе имаат можност да поразговарат со Пер Јохансон.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме