Четвртфинале за Ѓорческа на фјучрсот во Италија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на фјучрсот во Италија (награден фонд 25.000 долари) се пласира во четвртфиналето во поединечна конкуренција, а загуби во полуфиналето во двојки на мечевите што денеска се одиграа.

Најпрвин во сингл конкуренција во меч од 2.коло ја победи Анастасија Грималска (Италија) во два сета со 6:2 и 6:4 за 74 минути игра. Утре во четвртфиналето ќе игра против Романката Ирина Марија Бара. Во меѓусебните мечеви скорот досега е 1:1 во победи. Ѓорческа има победа во 2014 година во Софија, а Бара оваа година победи во полуфиналето во Хамамет. Романката Бара се наоѓа на 288 место на ВТА листата.

Во полуфиналето во игра на двојки заедно со Анастасија Комардина од Русија како први носителки загубија од Кристина Ферандо (Италија) и Вивен Јухазова (Словачка). Првиот сет со 6:1 во гемови им припадна на Ѓорческа и Комардина, а во вториот, ривалките беа поуспешни со 6:4. Во решавачкиот сет беше 12:10 за Ферандо и Јухазова. За пласманот во полуфиналето нашата тенисерка ќе освои 18 поени.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен