Министрите Јолевски и Стропницки во посета на безбедносните сили на македонско-грчката граница

Од:

Министрите за одбрана на Македонија и на Чешка, Зоран Јолевски и Мартин Стропницки, денеска во Гевгелија ги посетија безбедносните сили на двете држави кои заеднички се распоредени на четири точки за да ја обезбедуваат македонско – грчката граница од евентуален нов бегалски бран.

Јолевски и Стропницки беа и во обиколка на ПТЦ Гевгелија и граничниот камен 59.
– Како армија сме целосно подготвени за сите можни сценарија.Имаме развиено планови и логистички сме подготвени да одговориме соодветно доколку се зголеми бројот на мигранти на нашата граница, нагласи Јолевски и потенцира дека тоа ќе зависи од имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција.

Јолевски додаде дека како сериозна држава треба да бидеме подготвени за секакво сценарио и оти во моментот никој не може да каже како понатаму ќе се развива и тече бегалската криза.
Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки е согласен дека заедничката соработка на ова поле треба да продолжи и да се продлабочува во иднина и покрај тоа што до пролет, подвлече, не очекува драматичен пресврт околу бегалската криза.

– Тука сум затоа што сметам дека и ние треба да и помогнеме на Македонија со потребни материјални средства и човечки ресурси.Не е коректно ниту пак праведно Македонија да биде оставена сама во оваа тешка состојба во која се најде од другите членови,истакна Стропницки.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места