Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во Бол на Брач, Хрватска.
Јотовски денеска во меч за пласман меѓу осумте најдобри го совлада италијанскиот тенисер Џан Марко Морони со 2-0, по сетови 6:4 и 7:5.
Овој турнир се игра за награден фонд од 10 илјади долари.