Поради пожар дел од Токио остана без струја

Од:

Околу 350.000 деловни објекти и станови во западниот и северозападниот дел на Токио денеска останаа без струја, но по неколу часа диспечерите успеаја да го обноват напојувањето со електрична енергија, јави ТАСС.

Операторот „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) соопшти дека можна причина за инцидентот бил пожарот во еден од неговите објекти во соседната префектура Сајтама, каде биле оштетени подземни кабли.

Телевизијата Ти-Би-Су директно го пренесуваше гасењето на пожарот, во што се вклучлени неколку противпожарни екипи. Засега нема податоци за настрадани во пожарот.

Се уште, меѓутоа, не е обновено движењето на возовите на неколку линии во Токио, што минуваат низ реоните што беа останати без струја. Не работат ни семафорите во повеќе градски реони, каде дежураат полицајци за регулирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови