НДМ за празникот 11-ти Октомври со донаторска акција

Од:

„Делегација на Народно движење за Македонија предводена од Маре Стојилова членка на Централниот комитет на партијата донираше деведесет парчиња различна детска облека во СОС Детско Село Македонија за потребите на децата без родители и родителска грижа. Во разговор со директорката на СОС Детско село, претставниците на НДМ се запознаа со работата и состојбите на оваа хуманитарна институција и притоа беше посочено дека СОС Детско село има поитна потреба од  машина за перење на алишта за што НДМ презеде обврска да ја набави во најскоро време.

Ја користиме приликата на народот да му го честитатме 11-ти Октомври – Денот на Народното Востание. Нека денешниот голем празник не вразуми како Македонци дека е потребно национално обединување кое е најсилната брана против секаква внатрешна или надворешна закана. Силно обединети на македонски да покажеме дека трагичните македонски делби се проблем на минатото, и да погледнеме во иднината кон нашата заедничка цел-независна, унитарна и демократска Македонија“. се вели во соопштението на Народно движење за Македонија

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска