Дали скопјани ќе се смрзуваат? Од утре постои закана радијаторите да останат студени.
Макпетрол денеска соопшти дека од утре ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас кон компанијата „Производство на топлина“ поради неисплатен долг од 105 милиони денари.
„Производство на топлина” ДООЕЛ – Скопје , инаку е е фирма ќерка на „Топлификација”, управувана од групацијата кон којашто припаѓа А.Д. „ТЕ-ТО” Скопје.
„За можните последици по снабдувањето на граѓаните и стопанските субјекти со топлинска енергија ,,Макпетрол” АД Скопје нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на Макпетрол АД Скопје“, стои во соопштението.
За ново настанатата состојба, Макпетрол ја известил и Владата на Република Македонија.