ДОМ го поддржува утрешниот граѓански марш

Од:

ДОМ го поддржува граѓанскиот марш што ќе се одржи на 11 Октомври-денот кога одбележуваме 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Македонија и им оддаваме почит на илјадниците борци кои ги дадоа своите животи за слобода, правда и независност, велат од ДОМ.

„Граѓаните на Република Македонија порачуваат дека цврсто веруваат во овие универзални вредности. Тие бараат владеење на правото и подеднаков пристап до правдата, социјална правда и еднакви можности за сите, почитување на моралните принципи, слобода на говор и достоинствен живот.

Граѓаните со право протестираат против привилегиите на една мала група луѓе која злоупотребувајќи ја власта на авторитарен начин ги узурпира сите сфери на општествениот живот. Последиците од овој начин на практикување на власта се на штета на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка, верска, политичка или друга припадност, но и на штета на државата.

Барањата на граѓаните кореспондираат со основните програмски определби на ДОМ и затоа ДОМ го поддржува и се приклучува на граѓанскиот марш на 11 Октомври. Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои ги споделуваат овие вредности да се придружат кон маршот“, стои во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака