Човекот кој фрлаше јајца врз автомобилот на Груевски пуштен на слобода

Од:

Таулант Цапа од Дебар, кој во петокот фрлаше јајца врз автомобилот на премиерот Никола Груевски во Тирана, е пуштен на слобода, но со обврска редовно да се јавува во судот за евиденција.

На денешното рочиште во судот во Тирана, судијата Бесник Хоџа, при донесувањето на ваквата одлука го зел предвид барањето на Цапа да биде пуштен на слобода и ветувањето дека ќе биде тука и редовно ќе се јавува.

Како што пренесува агенцијата „Балканвеб“, Цапа е обвинет за „насилни дејствија врз меѓународни функционери“.

Цапа, кој е член на Граѓанската партија на Албанија, на 23-ти овој месец, кога македонската делегација излегувала од хотелот „Шератон“ каде се одржуваше албанско-економски форум, врз автомобилот на премиерот Груевски, фрлал јајца и пластични чаши.

Тој за албанските медиуми веднаш го призна делото кое како што изјави го направил во знак на револт заради „непочитувањата на правата на Албанците во Македонија и дискриминаторската политика на Груевски кон нив“. Албанската полиција го уапси десеттина часа по инцидентот.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка