Нобелова награда за економија за Харт и Холмсторм

Од:

Британецот Оливер Харт и Финецот Бенгт Холмстром се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за економија за придонесот во областа на договорна теорија.

„Нивната работа претставува интелектуална основа за воспоставување политики и институции во многу области, почнувајќи од законот за стечај до политички устави“, се наведува во образложението на Комитетот за доделување награди.

Тие двајца ќе поделат осум милиони шведски круни (928.000 долари), колку што е вредноста на наградата.

Харт е професор на Универзитетот Харвард, а Холмстром е професор по економија и менаџмент на Институтот за технологија во Масачусетс.

„Се разбудив утрово околу 4.40 часот и се прашав дали е веќе предоцна за да се надевам на награда оваа година, но тогаш за среќа зазвоне телефонот“, напиша Харт на Твитер, на официјалниот налог на Нобеловата награда.

„Мојата прва реакција беше да ја прегрнам сопругата и да го разбудам помладиот син“, дополни тој.

Работата на Харт помага во препознавањето на тоа кои компании би требало да се спојат, која е најдобра комбинација на финансирање и кога установите, како што се училиштата, треба да бидат во приватна или јавна сопственост, се наведува во објаснувањето од Шведската академија.

Од друга страна, работата на Холмстром помага при формулирање договори за раководители, се додава во соопштението од Академијата.

Признанието за економија, кое официјално се вика Награда на шведската Риксбанка за економски науки во знак на сеќавање на Алфред Нобел, воспоставена е во 1968 година.

Оваа награда не била дел од оставината на шведскиот изумител и филантроп Алфред Нобел во 1895 година.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска