Се реконструира и проширува патот кон Теферич

Од:

Во општина Кисела Вода во тек се градежните активности за реконструкција и проширување на дел од пристапниот пат кој води кон рекреативниот центар Теферич.

Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и претставникот на Скопскиот плански регион денеска извршија увид во реализацијата на проектот.

Како што соопшти општина Кисела Вода, реконструкцијата се одвива на улиците „Мариовска“ и дел од улицата „Христо Татарчев“, се до спојот на реконструираната улица кај црквата Теферич. На овој потег ќе биде поставен нов асфалт, ќе се изработат тротоари кои ќе бидат поплочени со бекатон плочи, ќе се прошири патот, а потоа ќе биде поставено и осветлување. Градежните работи треба да завршат до крај на годината.

Носител на проектот, кој е инициран од општина Кисела Вода, е Центарот за развој на Скопски плански регион, а како партнери освен општина Кисела Вода се и Град Скопје и општина Сопиште.

Локалниот пат Теферич, како што информира општина Кисела Вода, е од големо значење и за општина Сопиште бидејќи ги поврзува овие две општини, а служи и за поврзување со централното градско подрачје со регионалниот пат Козјак.

Средствата за кои Кисела Вода аплицираше преку Секторот за локален економски развој се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој, Министерствоto за локална самоуправа согласно програмата за регионален развој 2016 година и од буџетот на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето