Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра на почетокот на следната сезона на турнирот во Доха, кој трае од 31-ви декември до 6-ти јануари, потврди директорот на турнирот Карим Алами.
„Почестени сме што ќе имаме уште еден турнир со најдобирте играчи. Надал се враќа на тенисот по повредата на колената и сите со нетрпение очекуваме да видиме како ќе изгледа неговата игра“, рече Алами.
Надал учествуваше последните четири години во Доха, а најдобар резултат оствари во 2010-тата година, кога во финалето изгуби од Давиденко. Претходните две сезони, Надал стигна до полуфиналето.
На турнирот во Катар ќе учествуваат и Давид Ферер и Гаел Монфис.